Околу 50 луѓе денеска излегоа на протест пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР) за да им дадат поддршка на жртвите од групата „Јавна соба“ на Телеграм.
Со транспаренти во рацете тие им упатија порака на девојките дека не се сами, а на институциите им порачаа дека треба навремено да реагираат на ваквите појави.
Инаку, групата „Јавна соба“, во која се објавуваа експлицитни фотографии од девојки ширум земјава, засега е затворена, а полицијата трага по основачите.