ЗАПЛЕНИ НА ОРУЖЈЕ ВО БОГОРОДИЦА И ВО БИТОЛА Битолчанец на социјална мрежа објавил слика со оружје и се заканил на функционер

454

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода А.Д.(44) и Ж.Д.(66), двајцата од гевгелиското село Богородица, гевгелиско.

Во нивните домови, со судска наредба биле извршени претреси, при што во домот на А.Д. во Богородица биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, воздушна пушка, самострел, 99 патрони ловечка муниција, 272 боеви куршуми од различен калибар и 2 оптички нишани. При претрес во домот на Ж.Д. во Богородица биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин, воздушна пушка, една цевка за ловечка пушка, 107 патрони ловечка муниција и 44 боеви куршуми од различен калибар.






За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица.

Во Полициската станица Битола, пак, бил извршен службен разговор со А.С.(42) и Р.С.(41), двајцата од Битола. А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С.

Во полициска станица од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини