ЗАПЛЕНЕТИ СЕ 90 КИЛОГРАМИ ОХРИДСКА ПАСТРМКА Приведен е 27-годишен Албанец

598

Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Франгово, на магистралниот пат Ќафасан-Струга, кај место викано Шумска колиба, денеска го привеле E.С (27) од Албанија.

При извршена контрола во патничко возило „фолксваген пасат “, со албански национални ознаки, биле пронајдени 91,333 килограми риба, поточно 119 парчиња охридска пастрмка, кои биле предмет на недозволена трговија од Албанија кон С. Македонија, информираат од МВР.






Е.С. е приведен во полициската станица за граничен надзор Франгово и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини