📽️ ЗАПЛЕНЕТИ ФЕНТАНИЛ, КОКАИН, ОРУЖЈЕ И МИЛИОНИ ДОЛАРИ Уапсени над 600 членови на еден од најмоќните нарко картели

„Ова е една од најголемите закани за националната безбедност на САД“, порача ДЕА по масовната акција против картелот Синалоа.

245

Американската агенција за борба против дрога (ДЕА) соопшти дека спровела една од најголемите акции против моќниот мексикански картел Синалоа, кој се смета за главен снабдувач на САД со фентанил, метамфетамин, кокаин и хероин.

Координираната акција, спроведена од 25 до 29 август во 23 регионални канцеларии на ДЕА и во седум странски региони, резултирала со апсење на 617 лица и огромна заплена на дрога и оружје.

 






Според ДЕА, одземени се 480 килограми фентанил во прав, повеќе од 714 илјади фалсификувани апчиња, 2209 килограми метамфетамин и 7469 килограми кокаин. Дополнително, конфискувани се 420 парчиња огнено оружје, како и готовина и имот во вредност од речиси 13 милиони долари.

„Апсењата имаа за цел да го разбијат Синалоа, еден од најнасилните и најмоќните нарко-картели во светот, одговорен за поплавување на САД со опасни дроги“, се вели во соопштението на ДЕА.

– Досегот на картелот Синалоа е огромен и бескраен. Тие сакаат да ги засипат нашите заедници со својот отров, без оглед на човечките жртви. Затоа работата на ДЕА останува критична и целосно фокусирана – предупреди специјалиот агент Брајан М. Кларк.

Поврзани содржини