ЗАПАЛИЛЕ НИВИ, ДОБИЈА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ Несовесни земјоделци предизвикале пожари во Струшко

Еден земјоделец запалил отпад и предивикал пожар кој зафатил и барака, а другиот ја запалил нивата, па од пожарот се запалила и депонија. Двајцата добија пријави за предизвикување општа опасност.

314

Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч. (42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, соопшти МВР.

„На 20.4.2025 година во негова нива во близина на регионалниот пат Струга-Калишта, тој запалил отпад, по што огнот се проширил на барака и на нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга“, соопшти полицијата.






ОВР Струга поднесе кривична пријава и против Ф.С.(59) од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Педизвикување општа опасност.

„На 8.7.2025 година, обработувајќи нива во атарот на истото село, тој предизвикал пожар кој брзо се проширил на соседните ниви, засадени со житни култури, како и на блиската депонија“, се додава во соопштението од ОВР Струга.

Поврзани содржини