ДВАЈЦА УАПСЕНИ ЗА ОПОЖАРУВАЊЕ ВОЗИЛА КАЈ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Изгореа „рено“, „ивеко“ и „опел“
Само половина час подоцна, екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го локализирала пожарот. Полицијата веднаш спровела оперативни активности и на булеварот АСНОМ ги привела 23-годишниот Ф.Ц. и 24-годишниот И.Ц., двајцата од Скопје, под сомнение дека го предизвикале пожарот.
Пламен проголтал две товарни и едно патничко возило среде ноќ, на паркингот кај спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Сомневањето за подметнување на пожарот довело до апсење на двајца скопјани, кои се лишени од слобода, потврди Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, на 8 октомври 2025 година, околу 2:20 часот по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на означениот паркинг биле опожарени две товарни возила – „ивеко“ и „рено“, со скопски регистарски таблички, сопственост на правно лице од Скопје, како и патничко возило „опел“ со прилепски ознаки, сопственост на жител на Прилеп.
Само половина час подоцна, екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го локализирала пожарот. Полицијата веднаш спровела оперативни активности и на булеварот АСНОМ ги привела 23-годишниот Ф.Ц. и 24-годишниот И.Ц., двајцата од Скопје, под сомнение дека го предизвикале пожарот.
„Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка“, соопшти МВР.