ЗАПАЛИЛ ДУШЕК И ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР НА ДЕПОНИЈАТА ВО КАВАДАРЦИ Ќе одговара и чуварот затоа што не бил на работното место
Кривични пријави се поднесени против две лица од Кавадарци за предизвикување пожар на депонијата во Кавадарци.
С.С.(31) се сомнични за кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик бидејќи на 20.08.2026 на депонија во Кавадарци, запалил душек кој бил опколен со сува трева и отпаден материјал и на тој начин го сторил делото.
В.С.(58) од Кавадарци, кој бил вработен како чувар на депонијата Мелци, ќе одговара за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик, затоа што на 25.08.2026 го напуштил своето работно место, со што извршил пропуст при вршење надзор и во тој период настанал пожар на депонијата од поголеми размери.