ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛО НА УШТЕ ЕДЕН ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ Изгоре автомобилот на вработен во Идризово, петто во последните шест месеци
Љ. К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Продолжува теророт кој се врши врз вработените во затворот „Идризово“, откако два часа по полноќ бил запален автомобилот кој е во сопственост на чувар вработен во установата.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, возилото на чуварот било паркирано во неговиот двор во скопско Ново Село, а пожарот настанал во два часот по полноќ
– Љ. К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.
Минатата недела, специјалци влегоа во затворот и извршија претрес, поради зачестените подметнати пожари на возила на вработени во затворот. Ова е петто изгорено возило во последните шест месеци.
Меѓу последните случаи беше и запалениот службен автомобил на заменик-директорот на „Идризово“, Феми Јонузи.