Запалени три возила во Скопје, шетаат надвор иако имаат забрана
Скопјанец физички нападнал полициски службеник, откако бил приведен поради сторен прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
КРАДЕЛ ДРВА, НО ГО ФАТИЛЕ – На 19.08.2020 во 17.40 часот на ул.„Ибраим Колари“ во Дебар, полициски службеници сопреле возило „фолксваген голф“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од Т.Ш.(25) од с.Хаме. При преглед во возилото било констатирано дека превезувал буково огревно дрво без соодветна документација. Известена била Шумската полиција, а возилото со огревното дрво се одземени. По целосно документирање на случајот ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.
ПОЛИЦАЕЦ НАПАДНАТ ОД 23-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ – На 19.08.2020 во 16.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.З.(25) од Скопје физички нападнал полициски службеник, откако бил приведен поради сторен прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. По целосно документирање на случајот против А.З. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНА ВО ДОМОТ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦ – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Н.(33) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.02.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.,,Петта прилепска бригада“ во Прилеп, при што пронашле и одзеле марихуана и дигитална вага.
БИТОЛЧАНЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПОЛИЦАЕЦ – На 19.08.2020 во 20.00 часот, во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски“, Г.И.(32) од Битола, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, се однесувал агресивно кон полициски службеник кој извршувал службени задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СО ПИШТОЛ ОГРАБИЛ БАНКА ВО КРУШЕВО – На 19.08.2020 во 16.25 часот во Полициска станица Крушево, П.Т. (36) од Крушево пријавил дека околу 16.00 часот во банка во Крушево, едно лице со закана со пиштол одзело пари од вработените. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп. По наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во дом и помошни простории кои ги користи Т.С.(51) од Крушево, а Т.С. бил приведен во полициска станица во врска со случајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОПОЖАРЕНИ ТРИ ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ – На 19.08.2020 во 18.20 часот било пријавено дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје Н.М.(30) од Гевгелија, додека го стартувал неговото патничко возило „рено меган“, со гевгелиски регистарски ознаки, настанал пожар. Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фолксваген голф 6“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.А.(19) од Скопје и патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(68) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
ОШТЕТЕНА БРОНЗЕНА БИСТА – На 19.08.2020 во 09.11 часот во Полициската станица Прилеп, вработен во Националната установа „Завод и музеј“ – Прилеп пријавил дека во периодот од 21.00 часот на 18.08.2020 до 08.00 часот на 19.08.2020 непознат сторител со употреба на сила ја турнал бронзената биста поставена на мермерен постамент во парк на ул.„Народен херој Орде Чопела“ и ја преместил на околу два метра од постаментот. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување наслучајот.
ПРОНАЈДЕНА ДРОГА КАЈ КИЧЕВЧАНЕЦ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(24) од с.Гарани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 04.04.2020 на регионален пат Кичево-Осломеј, кај крстосница за с.Црвивци-с.Гарани, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
КРИВИЧНА ЗА СКОПЈАНЕЦ ЗА ШВЕРЦУВАЊЕ МИГРАНТИ – Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Е.С.(22) од с.Батинци, скопско, и уште едно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 19.08.2020 во 07.30 часот на автопатот во близина на клучка Неготино, кај место викано „Полна цигла“, полициски службеници сопреле товарно возило „волво“, кое го управувал првопријавениот. При преглед во возилото биле пронајдени 70 мигранти.
ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА И СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СОПРУГАТА – ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од с.Црвени Брегови, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. На 06.08.2020 во с.Црвени Брегови, пријавениот, кој живее во заеднички дом со оштетената, се однесувал агресивно и ѝ се заканувал, и покрај тоа што од Основен суд Неготино било донесено решение со кое му била изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство кон оштетената.
РЕСЕНЧАНКА НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛА САМОИЗОЛАЦИЈАТА – ОВР Ресен поднесе кривична пријава против М.А. (30) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 14.08.2020 полициски службеници, при контрола во домот на пријавената утврдиле дека не ја почитувала потпишаната изјава за самоизолација.
НАМЕСТО ДА СЕДАТ ДОМА СЕ ШЕТАЛЕ НИЗ ГРАДОТ – СВР Штип поднесе кривична пријав против Н.Н.(64) и С.Ј.(24), двете од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 10 и 15.08.2020 во домовите на пријавените, полициски службеници извршиле контроли за придржување на мерките за заштита од ковид- 19, но тие не биле затекнати во домовите, со што не ги почитувале мерките на изолација и лекување во домашни услови.