Запалени четири возила во Скопје, пронајдена дрога во штипскиот затвор
Скопјанец пријавил дека на ул.„Алија Авдовиќ“ со Скопје, неговиот 17 - годишен син бил физички нападнат од Н.Н.. Се работи на расчистување на случајот.
ПРИВЕДЕН ПОРАДИ МАРИХУАНА – На 25.08.2020 околу 20.40 часот на улица „Светозар Пеповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ј.К (.28) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
НАЈДЕНА ПРАШКАСТА МАТЕРИЈА ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР – На 25.08.2020 во 21.57 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом –Штип било пријавено дека во една од просториите на установата пронашле прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.
КРИЕЛ 10 МИГРАНТИ ВО СВОЕТО ВОЗИЛО – На 25.08.2020 околу 21.20 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово запреле патничко возило „мицубиши“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(36) од Велес. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од кои шест од Сирија и четири од Ирак(едно дете). Н.К. бил приведен во СВР Куманово, а мигрантите се пренесени во Транзитен центар во Табановце. По целосно документирање, против Н.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
СПРЕЧЕН НЕЛЕАЛЕН УЛОВ СО МРЕЖА ВО ОХРИД – Во периодот од 22.00 часот на 25.08.2020 до 04.00 часот на 26.08.2020, додека вршеле службени дејствија – преглед на терен со пловен објект во водите на Охридското езеро, во близина на брегот спроти „Канео“, полициски службеници пронашле рибарска мрежа со улов од риба. Се работи на расчистување на случајот.
ЗАПАЛЕНИ ЧЕТИРИ ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ – На 26.08.2020 околу 04.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ордан Чопела“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Ф.. Од пожарот биле зафатени и возилата „голф“, сопственост на С.Н., „мерцедес“, сопственост на Д.Е. и „опел корса“ без регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
НАПАДНАТ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПЈЕ – На 25.08.2020 во 16.30 часот, Д.А.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Алија Авдовиќ“ со Скопје, неговиот 17 – годишен син бил физички нападнат од Н.Н.. Се работи на расчистување на случајот.
ИСЧЕЗНАТА 18 ГОДИШНА ДЕВОЈКА – На 25.08.2020 во 15.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за Згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, било пријавено дека од ЈУ-Организациона единица Козле се оддалечила М.Е.(18). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ОГРАБЕНО ЛИЦЕ ВО ОБЛОЖВАЛНИЦА – На 25.08.2020 во 21.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на бул.„8-ми Септември“ едно лице со закана одзело пари и побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
БАБА ВО ВЛЕЗ ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИЧНИКОТ – На 25.08.2020 во 15.30 часот во СВР Струмица, В.Ш.(88) од Струмица пријавила дека околу 14.00 часот во влезот од зградата во која живее едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот, по што побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ЛИЦЕ ОД ДЕБАР НАПАДНАЛО ПОЛИЦАЕЦ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против У.Ј.(55) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против Е.Ј.(18) од Дебар поради постоење основи на сомнениеза сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 05.08.2020 на ул.„Братство Единство“ во Дебар првопријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи, додека второпријавениот се однесувал агресивно и ги омаловажувал полициските службеници.
СО ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ ИЗНУДИЛЕ ПАРИ ОД ВРАБОТЕНА ВО КАЗИНО – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.Л. (32) и К.В. (32), двајцата од с.Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 03.08.2020 во казино на ул.„Нико Нестор“ во Струга пријавените со закани по живот кон вработената во повеќе наврати изнудиле од неа да им вклучи кредити без да платат, а кога ги потрoшиле парите, повторно со закани по живот кон неа и другите вработени изнудиле пари, со што причиниле материјална штета од 175.000 денари.
ДВАЈЦА ШТИПЈАНИ СЕ ШЕТАЛЕ НИЗ ГРАД ИАКО ИМАЛЕ ЗАБРАНА – СВР Штип поднесе кривична пријави против Т.К.(48) и Н.К.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 09.08.2020 во Штип, при редовна контрола, полициски службеници не ги затекнале пријавените во домот и покрај тоа што биле во самоизолација.
ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ МАЖ ВО ОХРИД – На 25.08.2020 околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека во куќа на бул.„Македонски просветители“, било пронајдено починато лице, кое престојувало во куќата. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатото лице ќе се врши обдукција.
НЕПОЗНАТО ЛИЦЕ ОГРАБИЛ СТАРЕЦ ВО СКОПЈЕ – На 25.08.2020 во 17.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Македонска преродба“ едно лице со закана одзело пари од М.С.(85), по што побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.