Запалени 60 возила во Стразбур, но било подобро од лани (ВИДЕО)
Неколку луѓе се уапсени. Полицијата објави дека ситуацијата е сè уште подобра од претходните години и дека бројот на запалени возила е помал од лани.
Новогодишната ноќ беше бурна во Стразбур. 60 автомобили изгореа во францускиот град и покрај фактот дека полицискиот час бил во сила од 20 часот, пишува Фигаро.
Неколку луѓе се уапсени. Полицијата објави дека ситуацијата е сè уште подобра од претходните години и дека бројот на запалени возила е помал од лани.
Минатата година прославата на Новата година во Стразбур беше обележана со целовечерни немири,во кои неколку лица биле повредени, а гореле 220 автомобили.