ЗАОСТРУВАЊЕ НА МЕРКАТА Од октомври наместо со една, влез ќе биде дозволен за целосно имунизирани
Во однос на вакцинацијата, таа добро се спроведува, но има намалување во интересот, на околу 2.000 дневно. Вкупно се вакцинирани 37% од населението, информира Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче, денеска кажа дека во октомври ќе биде предложена мерка, односно дека ако сега влезот во сите угостителски објекти како и други институции е можен со една доза, од октомври ќе се бара сертификат за целосна имунизација.
– Мерка која сигурно ќе се препорача, е оваа потреба да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина, наскоро ќе прерасне во потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во месец октомври. Тоа е сигурно – кажа Филипче.
Бројот на слободни кревети во Скопје е константен и имаме 30-тина во трите ангажирани клиники, изјави денеска на прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, во некои градови има тренд на опоѓање на бројот на пациенти во клиниките.
– Ист е бројот на новозаразени, неколку дена е околу 500-600 и тешко е сега да се каже дали ќе имаме пад за понатаму или ќе дојде до нов бран на корона. Затоа сега се прави анализа за да видиме дали ќе предложиме нови мерки. Во однос на вакцинацијата, таа добро се спроведува, но има намалување во интересот, на околу 2.000 дневно. Вкупно се вакцинирани 37% од населението – информира Филипче.
Се намалува бројот на пациенти во државава. ИЈЗ направи анализа и се забележува дека секојдневно има околу 500 нови дијагностицирани на ден, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
– Тешко е да се каже дали ќе има пад на новодигајностицирани случаи или бројката ќе расте допрва. Затоа се прави анализа со нашиот стручен тим. Што се однесува до вакцинацијата, таа добро се спроведува. Има намалување на интересот за вакцинација во изминатиот период. Коронавирусот се шири помеѓу невакцинираните. Над 90 отсто од сите починати се невакцинирани – истакна Филипче.