Замислете, Заев нас нѐ обвинува за спорот со Бугарија!

3,629

Чекајте малку, Заев нѐ обвинува нас дека сме пречка за почетокот на преговорите со ЕУ?

Од кажаново, така излегува; „Но, во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Унија“.






Ова е тотален политички дилетантизам.

Или следново: „Давањето етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Дали било тоа во бугарски или било кој друг контекст“.

Кој му дава етнички контекст на фашизмот, освен бугарските власти, кога нагласуваат дека се навредени што за тој период (само за тој период) нивната окупација ја нарекуваме фашистичка? Веќе е глупаво да се објаснува што, всушност ние зборуваме и што нарекуваме „бугарски фашизам“.

Видете, јас го поддржав и сѐ уште го поддржувам Договорот за пријателство со Бугарија од 2017. Тој не беше ни калкулантски, ни предавнички. Доказ за тоа е бугарската блокада. Ако ја завршија работата тогаш, ако во 2017-та го решија во своја корист „македонското прашање“, не би ставале вето сега.

Баш од таква позиција, не на политички противник, ниту на вечен контраш, а најмалку на некој што ќе сака спречување на влез на Македонија во ЕУ (цел живот сум еврофил), велам дека тоа што го кажа премирот во „интервјуто“ е лошо, до ниво на потенцијално долгорочни штетни последици.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини