Закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште или плажата, ако истекол рокот за закуп
Оваа уредба ќе важи до крајот на годината a се однесува и на незаконските стопанственици со плажите во Охрид, кои досега узурпирале 25 локации на охридското крајбрежје. Доколку некоја од фирмите, иако нема концесија на плажата, одбие да постапи согласно уредбата и да ја врати во првобитна состојба, тогаш ќе постапи Пазарниот инспекторат.
Оваа владина Уредба треба да доведе до враќање на сите плажи во целосно владение на Општина Охрид, се додека, физички или правни лица не склучат нов договор за концесија.
Доколку некоја од фирмите, иако нема концесија на плажата, одбие да постапи согласно уредбата и да ја врати во првобитна состојба, тогаш ќе постапи Пазарниот инспекторат.
– Надзорот над вршењето на дејноста во рамки на Градежното земјиште предвидено со урбанистички план или урбанистичко- планска документација за плажа, се врши од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, a не постапувањето од страна на закупецот во согласност со член 2-а од оваа уредба, претставува основ Државниот пазарен инспекторат да изврши затворање на објектите – се додава во уредбата.