ЗАКОНОТ ЗА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ Е ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА Вработување во администрацијата без партиски уцени, пазарења и манипулации
За прв пат, правичната застапеност не останува заложник на политичката волја на владите, партиските пазарења или на изборните манипулации, туку е регулирана со јасен, обврзувачки и надгледлив закон, соопшти Вреди.
Вреди го затвора засекогаш едно од најголемите поглавја на политичката измама против Албанците – прашањето за правична и соодветна застапеност, соопшти коалицијата.
„Новиот закон за правична и соодветна застапеност е најјасен доказ дека она што две децении се користеше како слоган, алиби и алатка за политичка уцена, денес станува законски, мерлив и применлив стандард. За прв пат, правичната застапеност не останува заложник на политичката волја на владите, партиските пазарења или на изборните манипулации, туку е регулирана со јасен, обврзувачки и надгледлив закон“, соопшти Вреди.
Со овој закон, Вреди ја затвора клучната алка на Охридскиот договор, се додава во соопштението.
„Фактите се неоспорни: Венецијанската комисија, највисокиот европски орган за уставни и правни прашања, исто така даде позитивно мислење за истиот закон. Ова дефинитивно ја побива пропагандата на ДУИ, која со години зборуваше за застапеност, но никогаш немаше храброст, волја и политичка чесност да ја регулира со закон“, се вели во соопштението.
Вреди, се додава, го направи она што другите само го ветуваа.
„Денес, правичната и соодветната застапеност се трансформира во правен механизам што гарантира вистинска еднаквост, транспарентност и правда за сите граѓани, без оглед на припадноста и без партиски посредници. Се очекува законот наскоро да влезе во собраниска процедура, а Вреди ги повикува сите пратеници, без исклучок, да се вратат на разумот, одговорноста и на јавниот интерес. Ова не е партиски закон, туку закон за еднаквост, закон за правда и закон за европската иднина на земјата“, соопшти Вреди.