ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ЗАГЛАВЕН ВО КОМИСИЈАТА Во Владата постои договор за Законот за правична застапеност кој ќе го замени нефункционалниот балансер, изјави Меџити

Дилемата и прашањето се зошто СДСМ, кој до вчера се бореше за граѓански концепт, кој направи резултат и со албански гласови, има видни членови Албанци и во нивните структури... Зошто не направи ништо за ова додека беше на власт последните 8 години? И зошто токму сега имаат предлог за бранителите? Ова мислам дека е дневна политика и оди во функција на дестабилизација на процесите и на државата. Значи, синхронизирани се со ДУИ, само за да не одговараат, тврди првиот вицепремиер, Изет Меџити.

678

Законот за бранители е заглавен во комисија која се води од Илире Даути и очекуваме дека ќе остане таму, вели првиот вицепремиер, Изет Меџити, како одговор на прашањето дали од коалицијата Вреди разговарале по ова прашање со премиерот Христијан Мицкоски.

Меџити на интервју за Радио Слободна Европа вели дека политиката на СДСМ и на ДУИ оди во функција на дестабилизација на државата.






– Дилемата и прашањето се зошто СДСМ, кој до вчера се бореше за граѓански концепт, кој направи резултат и со албански гласови, има видни членови Албанци и во нивните структури… Зошто не направи ништо за ова додека беше на власт последните 8 години? И зошто токму сега имаат предлог за бранителите? Ова мислам дека е дневна политика и оди во функција на дестабилизација на процесите и на државата. Значи, синхронизирани се со ДУИ, само за да не одговараат – тврди Меџити.

– Во Владата има договор за донесување на Законот за правична застапеност – изјави Меџити.

Тој рече дека балансерот во последните години не функционира поради лажното декларирање на етничката припадност. Додека, пак, со Законот за правична застапеност, вработувањето ќе се врши врз основа на квалификации.

– Првенствено, балансерот беше во функција на спроведувањето на Рамковниот договор и правичната застапеност на помалите заедници во државната и јавната администрација. Да бидам искрен, во првите години придонесе за ова и ја подобри сликата за етничката припадност во јавната и државната администрација, но во последните години не беше ефективно, имаше спротивен ефект бидејќи имаше многу случаи, кои иако балансерот вели дека мора да се вработи Албанец, Турчин или Македонец, луѓето дале лажни изјави за да се вработат. На централно ниво беше можно Македонците да се декларираат како Албанци, на локално ниво Албанците како Македонци. Значи „балансерот“ не е во функција. Имаме политички договор за ова да се регулира со Законот за правична, но и квалитативна застапеност. Тоа значи дека ако Македонците мора да се вработат, да, ќе бидат ангажирани, но најквалификуваните, ако мора да се вработат Албанците, да, но најквалификуваните, најобразованите, најподготвените ќе им служат на граѓаните подобро за потребите на нивни, утре и задутре – рече првиот вицепремиер.

Поврзани содржини