ЗАКЕРБЕРГ ОБВИНЕТ ОД ГРК ДЕКА ГО УКРАЛ ИМЕТО Јанис Варуфакис го користел „Мета“ пред него (ФОТО)

Изгледа и на Грците не им е лесно. Името „Мета“ бил насловот на „Центар за посткапиталистичка цивилизација“ кој го води Варуфакис, а тој му порача на Закерберг „да ги тргне рацете од името“.

6,059

Поранешниот грчки Министер за финансии во Владата на СИРИЗА, која ја предводеше Ципрас и со која Македонија го потпиша Преспанскиот договор е многу лут: тој на Твитер го обвини газдата на Фејсбук, Марк Закерберг, дека му го украл името „Мета“, јави дописничката на МИА од Атина.

 






Изгледа и на Грците не им е лесно. Името „Мета“ бил насловот на „Центар за посткапиталистичка цивилизација“ кој го води Варуфакис, а тој му порача на Закерберг „да ги тргне рацете од името“:

„Тргнете ги рацете од нашата „Мета“, Центар за посткапиталистичка цивилзација, господине Закерберг. Вие и вашите полтрони не би ја препознале цивилизацијата дури ни ако ве удри како весло од брод“, напиша Варуфакис.

Иако самиот збор „мета“ е од старогрчко потекло, значејќи „одзади“, сепак не е јасно на што алудира Варуфакис кога вели „цивилизација“.

„Закерберг штотуку ја „позајми“ нашата Мета (https://metacpc.org) за да го ребрендира Фејсбук. Претходно го „позајми“ името на нашето движење, DiEM (http://diem25.org) за да ја ребрендира неговата криптовалута Либра. Што е следно? Барем нашата радикална агенда за експропријација на технолошките господари е безбедна!“, напиша Варуфакис на „Твитер“, објавувајќи фотографија од знакот на нивниот центар Мета.

Варуфакис во моментов има своја партија под името МЕРА25.

Поврзани содржини