ЗАКАНИТЕ НА ТРАМП КОН ГРЕНЛАНД ЌЕ ВНЕСАТ ДРУГА АРКТИЧКА ЗЕМЈА ВО ЕУ Најавен е референдум до 2027 година, а веќе е во Шенген зоната

Исланд, како и Гренланд, историски беше под власт на Данска и се стекна со независност дури во 1944 година.

886

Премиерката на Исланд Криструн Фростадотир изјави дека нејзината земја ќе одржи референдум за влез во Европската унија до 2027 година.

Во интервју за телевизијата Еуроњуз, таа нагласи дека одлуката за организирање на референдум е директно поврзана со промените во глобалното безбедносно опкружување, вклучувајќи ја војната во Украина и сè поагресивната политика на САД на Арктикот.






Таа особено укажа на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд, што предизвика вознемиреност во Рејкјавик.

Исланд, како и Гренланд, историски беше под власт на Данска и се стекна со независност дури во 1944 година.

– Ние сме целосно арктичка нација. Арктикот е нашиот дом. Тоа не е само термин во меѓународните односи – тоа е нашата природна средина. Нашите врски со Гренланд се длабоки, и затоа сегашната ситуација многу не загрижува – изјави Фростадотир.

Според последните истражувања на јавното мислење, речиси две третини од Исланѓаните поддржуваат одржување референдум, додека 4%о поддржуваат полноправно членство во ЕУ.

Исланд веќе е дел од Шенген зоната и Европската економска зона, а како што наведува премиерот соработката со ЕУ досега била исклучително позитивна.

Премиерката истакна дека не сака прашањето за европскиот пат на Исланд да се заснова исклучиво на стравот од меѓународните закани:

– Не сакам дискусијата за влез во ЕУ да се води поради чувство на страв – рече Фростадотир.

Сепак, заклучува Еуроњуз, безбедносните предизвици – првенствено поради руската политика и американскиот интерес за Арктикот – остануваат клучен фактор за приближувањето на Исланд до Европската унија.

Поврзани содржини