ЗАХАРОВА ЖЕСТОКО ГО НАПАДНА ВАШИНГТОН Москва тврди дека САД повеќе не ги почитуваат нормите на меѓународното трговско право

Портпаролката Захарова истакна дека тарифните одлуки донесени од администрацијата на Трамп „ги кршат основните правила на СТО“.

348

Русија ги обвини Соединетите Држави за кршење на меѓународните трговски правила со воведување царини од 104 отсто за увоз на кинески стоки.

– Се чини дека Вашингтон повеќе не се чувствува должен да ги почитува нормите на меѓународното трговско право – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.






Кога актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги зголеми граничните даноци за кинески стоки за дополнителни 10 отсто во февруари, Кина поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО), која има надлежност за трговските спорови.

Захарова истакна дека тарифните одлуки донесени од администрацијата на Трамп „ги кршат основните правила на СТО“.

Иако Русија беше поштедена од последниот бран царини што зафати повеќе од 60 земји, Захарова на новинарите им рече дека Москва презема мерки за ублажување на можните негативни последици, пред се преку зајакнување на соработката со Кина.

Поврзани содржини