Захариева: Во оваа фаза не можеме да кажеме „да“ за преговорите на РСМ со ЕУ

Бугарската министерка за надворешни смета дека целокупната државна политика во земјава продолжува да се заснова на омраза кон соседна земја и нејзиниот народ, односно Бугарија.

1,122

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева денеска изјави дека во оваа фаза  Република Бугарија не може да каже „да“ за почеток на преговори на земјава со ЕУ.

– Бугарија не вели „не“ за членството на Република Северна Македонија. Бугарската надворешна политика отсекогаш била ориентирана кон поддршка на земјите од Западен Балкан за идно членство во Европската унија, но не веруваме дека моментално  тие се подготвени и ги исполнуваат условите за почеток на преговорите. Тие го исполнуваат договорот со Бугарија од 2017 година или барем не го исполнуваат во целост –  изјави Захариева во програмата „Оваа сабота и недела“ на бугарската БТВ.






Захариева додава дека земјава сѐ уште не се ослободила од омразата кон Бугарија.

– Целокупната нивна државна политика продолжува да се заснова на омраза кон соседна земја и нејзиниот народ, односно Бугарија. Во оваа фаза, не можеме да кажеме „да“- рече Екатерина Захариева.

Захрариева додава дека земјава сѐ уште го велича јосип Броз тито кој е еден од наголемите диктатори.

– Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа и вршиме услуга на Москва – рече таа.

Поврзани содржини