Захариева до Заев: Позицијата на Бугарија не била лесна за да се разбере

Но, тоа не значи дека не треба да продолжиме со напорите да ја објасниме. Во исто време, не очекувајте Бугарија да ги затвора очите - вели таа.

3,043

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева му одговори на премиерот Зоран Заев. Таа истакна дека позицијата на Бугарија не е лесна за разбирање и оти не може да се очекува Софија да замижи пред државните интереси.

– Нашата позиција не е лесна за разбирање. Но, тоа не значи дека не треба да продолжиме со напорите да ја објасниме. Во исто време, не очекувајте Бугарија да ги затвора очите – вели таа.






Премиерот Заев деновиве на двапати изјави дека во спорот со Бугарија веќе не знае точно каде лежи проблемот, но додаде дека дијалогот треба да продолжи сè додека не се најде компромис меѓу двете земји. Мотивиран од поддршката на другите земји-членки на ЕУ, Заев рече дека очекува подобри денови од следното претседателство со Унијата, она на Португалија.

Поврзани содржини