ЗАГРИЖЕНОСТ ВО ЕУ ПРЕД ЗИМАТА Се размислува за замрзнување на цената на енергенсите

Работиме на итни мерки поврзани со цената на електричната енергија. Можно е да има и намалување на потрошувачката на електрична енергија, посочи Воерсдоерфер.

116

Европска комисија ја разгледува можноста за замрзнување на цената на енергенсите и намалување на потрошувачката на електрична енергија, изјави денеска заменичката директор на Одделот за енергетика на ЕК, Мехтилд Воерсдоерфер на состанокот на Комитетот за енергетика во Европскиот парламент.

– Работиме на итни мерки поврзани со цената на електричната енергија. Можно е да има и намалување на потрошувачката на електрична енергија – посочи Воерсдоерфер.






Таа најави дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен идеите за замрзнување на цените на енергенсите ќе ги презентира пред ЕК на 14 септември.

Говорот на Лајен ќе уследи неколку дена откако министрите за енергетика на земјите-членки на Европска Унија на 9 септември ќе одржаат итен состанок. Земјите-членки на ЕУ се повеќе бараат Унијата да преземе мерки за да ги ограничи трошоците. Италија, Белгија и Чешка се залагаат за замрзнување на цената на гасот во цела ЕУ блок, додека Франција и Грција сакаат одвојување на цената на електричната енергија од цената на гасот.

Поврзани содржини