ЗАГРЕБ ГО ДОБИВА НАЈМОЌНИОТ АВИОН ОД ГЕРМАНИЈА ДО ГРЦИЈА Дали хрватските „рафали“ се подобри од српските „миг 29“? (ВИДЕО)
Претседател Емануел Макрон е првиот шеф на француската држава кој официјално доаѓа во Хрватска. Неговата посета в среда и в четврток да биде важна за официјален Загреб, кој ќе ја добие поддршката од Париз за Шенген и за еврозоната, а ќе се финализира и договорот за купување на борбените авиони.
Хрватската авијација ќе се поднови со 12 борбени авиони од типот „рафал“. Станува збор за авиони од најновата генерација, со кои српските пилоти ќе им конкурираат на српските колеги со нивните летала „миг 29“.
Со ова Хрватска прави огромен скок во одбранбената безбедност, на ниво што никогаш го немала, се фалат во Загреб.
Хрватска практично го доби најмоќниот авион на просторот меѓу Германија и Грција, во т.н. мек стомак на Европа. Ова ќе ја зголеми и геополитичката важност на Хрватска, бидејќи во близина нема авиони кои може да се мерат со „рафал“.
Авионите треба да стасаат на хрватските писти кон крајот на 2023 година. Купувањето на 12 вакви супермодерни летала беше најавено во мај, а ова е најголемата зделка за купување оружје од војната за независноста до денес.
Премиерот Пленковиќ рече дека набавката на борбени авиони стратешки ја менува позицијата на Хрватска во воена, одбранбена смисла, во однос на силата кон меѓународните партнери, безбедносните сојузи и коалициите.
Ова е соопштено пред претстојната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Хрватска, кога зделката и официјално ќе биде промовирана.
Претседател Емануел Макрон е првиот шеф на француската држава кој официјално доаѓа во Хрватска. Затоа, се очекува неговата посета во среда и четврток да биде важна за официјален Загреб, кој ќе ја добие поддршката од Париз за Шенген и за еврозоната, а ќе се финализира и договорот за купување борбените авиони.
Франција е водечката воена сила на Европската унија, единствената нуклеарна сила на ЕУ и единствената постојана членка на Советот за безбедност од ЕУ. Пленковиќ и Макрон ќе потпишат нов договор за стратешко партнерство во Бански Двори, а потоа двајцата министри за одбрана, Марио Баножиќ и Флоренс Парли, ќе го потпишат договорот за набавка на авионите „рафал“.
Но, дали хрватските „рафали“ се помоќни од српските „миг 29“? Погледнете го ова видео: