ЗАГИНАТ И ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ ВЛАДЕВЦИ Се судриле мотоцикл и автомобил

1,357

Загина сопатник на мотоцикл, а возачот е потешко повреден и е пренесен во струмичката болница по тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва на патот Струмица-Радовиш, на влезот во селото Владевци, на крстосницата за селото Сушево.

Според информацијата од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, несреќата се случила во 18:40 часот, а во неа учествувале мотоцикл и автомобил.






Патот беше затворен за сообраќај во двата правца.

Поврзани содржини