ЗАГИНАЛ ПО УДАР СО ТРАКТОР ВО БЕТОНСКИ ЅИД Трагедија во Богданци, почина 64-годишен маж
Трактор удрил во бетонски ѕид и се превртел во Богданци, при што 64-годишниот возач починал на местото.
64-годишен маж загина откако трактор се превртел на улица во Богданци.
Несреќата се случила на улицата Мирче Ацев, кога трактор „фергусон“ со гевгелиски таблички, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел.
Од здобиените повреди мажот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.