ЗАГИНАЛ ОД БУГАРСКАТА АДМИНИСТРАТОРСКА РАКА 80 години од убиството на Христијан Тодоровски-Карпош
Христијан Тодоровски - Карпош го добил прекарот „Карпош“ според прославениот водач на кратовските рудари и селани Карпош. Статија во белградскиот весник „Политика“ во 1938-1939 година ги објаснувала настаните познати во македонската национална историја како Карпошово востание во кратовско-кумановскиот крај. Објавената статија им ги разбудила националните чувства на сите луѓе во Куманово. За таа статија се воделе многу разговори. Христијан Тодоровски, кога статијата била објавена, бил средношколец. Подоцна во 1941 година, Христијан во Лесковачкиот партизански одред си го одбрал псевдонимот Карпош. Сите оттогаш започнале да го нарекуваат така.
Денеска се навршуваат 80 години од убиството на Христијан Тодоровски-Карпош, кој бил убиен од страна на бугарскиот фашистички окупатор.
Христијан Тодоровски-Карпош бил македонски комунист и партизан од Народноослободителната војска. Тој бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година и бил меѓу првите македонски борци со тоа одликување заедно со Орце Николов, Страшо Пинџур, Мирче Ацев и Кузман Јосифовски-Питу.
Тој бил и член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија од 1939 година.
Христијан Тодоровски – Карпош го добил прекарот „Карпош“ според прославениот водач на кратовските рудари и селани – Карпош.
Статија во белградскиот весник „Политика“ во 1938-1939 година ги објаснувала настаните познати во македонската национална историја како Карпошово востание во кратовско-кумановскиот крај. Објавената статија им ги разбудила националните чувства на сите луѓе во Куманово. За таа статија се воделе многу разговори.
Христијан Тодоровски, кога статијата била објавена, бил средношколец. Подоцна во 1941 година, Христијан во Лесковачкиот партизански одред си го одбрал псевдонимот Карпош. Сите оттогаш започнале да го нарекуваат така.
Учество во НОБ
Во 1941 година учествувал во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот „Дедо Иван“ кој бил македонски илегален весник издаден од Месниот комитет на Комунистичката партија на Југославија во Куманово, пишуван на кумановски дијалект.
Ја организирал Народоослободителната антифашистичка војска на Македонија (НОАВМ). Членувал во Козјачкиот партизански одред и членувал во партизанскиот штаб во Куманово.
На 26 јуни 1943 година станал командант на Кумановскиот партизански одред.
Се истакнал како организатор на Народноослободителната антифашистичка војска на Македонија (НОАВМ). Бил член на Козјачкиот партизански одред од 12 октомври 1941 година и член на партизанскиот штаб од Куманово.
Откако одредот бил разбиен, наизменично преминувал во Вториот јужноморавски одред и во Кукавичкиот одред. На 26 јуни 1943 година станал командант на Кумановскиот партизански одред, коj постепeно растелл и на 1 декември 1943 година бил официјално преименуван во Прв кумановски баталјон „Јордан Николов – Орце“.
Бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 г. за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско.
Во негова чест се испеани неколку партизански песни: „Битка се бие кумановско поле“, „Давај ме, мила мамо, давај ме“ и „Горо ле, горо зелена“. Покрај тоа, Ацо Шопов му посветил две песни од својата стихозбирка „Песни“ од 1944 година: „Карпош“ и „Борбата на Дренак“, а го спомнува и во „Марш на Трета македонска бригада“.
Општината Карпош во Скопје го добила името во негова чест.
Карпош
Безумен Козјак истрпнал снага,
бујна му Китка смрштила чело,
в рамнини пиштат ветрои ледни
и грч го грчи Биљача село.
Бесните вие планински бури,
плачите мртви рамнини бели,
извивај клетви народ поробен –
денес се јунак од тебе дели!
Кој не го знае Карпош војвода,
кој не е слушал песни за него –
бучна му Пчиња приказни шуми,
бунтовник – Козјак спомени чува!
Арслан му сковал карпена снага,
и ножој сторил от раци голи,
орел му горски изострил очи,
народ го прибрал в своите поли.
Пламен е Карпош – век го не држи,
дружина води – врагој решети,
по гори, поља – на сите страни,
бој крвав бие и народ свети!
Кој не го знае Карпош војвода,
кој не е слушал песни за него –
бучна му Пчиња приказни шуми
бунтовник Козјак спомени чува!
Ацо Шопов, Песни, 1944