ЗАГИНАА ГИТАРИСТОТ АЛЕКСАНДАР КОЛАРОВ И ТОНЕЦОТ ИГОР ВЕЛКОВ Седум луѓе од тимот на ДНК ја загубија битката за живот

Битката за живот ја загубија и Андреј Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевановски, тапанарот Горги Горгиев, придружниот вокал Сара Пројковска и битбоксерот Мартин Атанасовски - Буцо Битбокс.

2,651

Во пожарот во Кавадарци загинаа гитаристот на групата ДНК, Александар Коларов, и тонецот на бендот, Игор Велков.

Седум лица од тимот на бендот ДНК се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани.






Битката за живот ја загубија и вокалот Андреј Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевановски, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Првично беше потврдена веста за смртта на Филип Стевковски, кој беше помеѓу првите идентификувани лица, а потоа во текот на денот продолжија да пристигнуваат црните вести за смртта на други луѓе од тимот на ДНК.

Владимир Блажевски Панчо од ДНК е хоспитализиран со изгореници и е вон животна опасност.

Ана Костадиновска, која исто така пее придружни вокали за ДНК, е на домашно лекување.

 

Поврзани содржини