ЗАГИНАА ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КАЈ НИШ Патувале од Германија кон Македонија, возилото излетало од автопатот

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград-Ниш, кај клучката Умчари.

1,600

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград-Ниш, кај клучката Умчари.

Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот.






Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.

Маж и жена починале на самото место, а трет патник е тешко повреден и е пренесен на болничко лекување.

На местото на несреќата интервенирале итните служби, а увидот и истрагата се во тек. Како можна причина за трагедијата, според српските медиуми, се споменува замор кај возачот и не се исклучува можноста тој да заспал зад воланот.

Поврзани содржини