Загина мигрант од удар на локомотива на пругата Велес-Градско 

268

Во СВР Велес синоќа  во 4 часот било пријавено дека на потегот помеѓу железничката пруга Велес-Градско, пред село Згрополци, локомотива удрила во едно лице – мигрант, кој се здобил тешки телесни повреди.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, повредниот  бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите.






– Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 6.35 часот заради вршење увид – информира Додевски.

Поврзани содржини