ЗАГИНА БИТОЛЧАНЕЦ НА ПАТОТ БИТОЛА -ДЕМИР ХИСАР Неговото возило излетало од патот
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
Битолчанец загина откако неговото возило излетало од патот Битола-Демир Хисар.
СВР Битола индормира дека несреќата се случила на местото од патот викано „Бели Мост“ кое се наоѓа пред селото Лисолај.
-Патничко моторно возило „форд фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Битола, излетало од патот. Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола- информираат оттаму.