ЗАГИНА 76-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ВО ЧАИР Возач го загуби животот по удар во паркирано комбе

На терен се извршува увид под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а по завршување на увидот ќе бидат познати повеќе детали околу причините за трагедијата.

953

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случила утрово на булеварот Цветан Димов во скопската општина Чаир, при што животот го загубил 75-годишниот возач М.Д.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 10:15 часот. Според првичните информации, патничко возило мерцедес со скопски регистарски таблици, управувано од М.Д., удрило во паркирано комбе фиат со кумановски регистарски ознаки, кое по силата на ударот се придвижило и удрило во друго паркирано товарно возило ман, со скопски таблици.






На местото на несреќата интервенирала Итната медицинска помош, а докторите само ја констатирале смртта на возачот М.Д.

На терен се извршува увид под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а по завршување на увидот ќе бидат познати повеќе детали околу причините за трагедијата.

Поврзани содржини