ЗАГИНА 69-ГОДИШЕН ЖИТЕЛ НА БЕЛОВИШТЕ Возило излетало кај Лакавица, возачот починал на самото место
Според информациите на полицијата, несреќата се случила во неделата наутро, околу 09:20 часот, кога патничко возило марка „Даеву Ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од починатиот, излетало надвор од коловозот.
69-годишниот Т.Ф. од селото Беловиште трагично го загуби животот откако возилото што го управувал излетало од патот Гостивар – село Србиново, кај влезот за село Лакавица,
Според информациите на полицијата, несреќата се случила во неделата наутро, околу 09:20 часот, кога патничко возило марка „Даеву Ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од починатиот, излетало надвор од коловозот.
Како што информираат од ОВР Гостивар, од здобиените повреди возачот починал на самото место, а неговата смрт била констатирана од лекар на Итната медицинска помош.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител. По негова наредба, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел утврдување на причините за трагедијата.