ЗАГИНА 60-ГОДИШЕН МАЖ ВО ВИНИЧКО Изгубил контрола и со тракторот излетал од патот

Возачот В.М. починал од здобиените повреди на местото на несреќата, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

91

Вчера 60-годишен маж, од село Градец, со трактор излетал надвор од патот и починал поради здобиените повреди.

„Вчера во 06.55 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место наречено „Цигански рид“ во Виница, 60-годишниот В.М. од село Градец, виничко, додека управувал трактор ‘масеј фергусон’ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Возачот В.М. починал од здобиените повреди на местото на несреќата, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Поврзани содржини