Тешката сообраќајна несреќа се случила вчера на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак меѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски таблички управувано од М.М. (23), патничко возило „форд фокус“, исто со скопски регистарски таблички управувано од Р.К. (30) и патничко возило „фолксваген голф“ управувано од В.К. (43) од Скопје.
На местото на несреќата починало момче на 23 години М.М., а со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „опел корса“ Б.С. (24) од Скопје и малолетниот сопатник од возилото „форд Фокус“ кои што биле констатирани во клиниката „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски.
Инаку, со телесни повреди се здбил и Р.К. и сопатниците од истото возило.
Веднаш бил извршен увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.