ЗАГИНА 21-ГОДИШНО МОМЧЕ Со возило излетало од патот

544

На регионалниот пат Берово – Струмица, кај место викано „Кортелов Мост“, атар на село Ратево, беровско, Б.Г.  (21) од с. Ратево, управувајќи патничко возило „опел вектра“ со беровски регистарски ознаки, излетало надвор од патот.

Тешката сообраќајна несреќа во полиција била пријавена рано утрово во 04.40 часот.






На местото на несреќата починал возачот. Констатирана била смрт од лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Берово.

Поврзани содржини