ЗАГИНА 19-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦ ВО ИТАЛИЈА Паднал од покрив додека работел

Според информациите објавени од медиумите на албански јазик, младиот тетовец паднал од покрив од височина од околу 7 метри.

0

Во трагична несреќа на работното место во Италија загина 19-годишно момче од Тетово.

Според информациите објавени од медиумите на албански јазик, младиот тетовец паднал од покрив од височина од околу 7 метри додека бил на работа.






Од падот се здобил со тешки повреди, кои, за жал, биле фатални.

Нема дополнителни информации за точните околности под кои се случила несреќата и како дошло до падот.

Погребот на 19-годишникот е најавен за утре во Тетово, по пладневната молитва.

Поврзани содржини