ЗАГИНА 13-ГОДИШНИК ВО СУДИР НА МОПЕДИ Негов врсник е тешко повреден

274

Во Полициската станица во Прилеп вчера утрото било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка „бенели“ а другиот марка „пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13-годишен и од 14-годишен малолетник, инаку и двајцата од село Лажани.

„Во несреќата од здобиените повреди починал 13-годишниот малолетник при што смртта била констатирана од лекар во Градската болница Прилеп, додека пак другиот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и не е во животнозагрозувачка состојба. Извршен бил увид од надлежен јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп , а телото на починатиот малолетник било предадено за обдукција“, информира МВР.

Поврзани содржини