Заев: Жени и девојки молкот не е решение, јас и државата сме тука да ви помогнеме

Премиерот се обрати на онлајн трибина „Молкот НЕ е решение“ на Форумот на жени на СДСМ во рамки на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата.

359

Веруваме дека за да имаме одржлив развој и да имаме добри предуслови за развој на нашата држава и демократијата, важно e да ги вклучиме подеднакво и жените и мажите во сите структури на општеството, да го искористиме нивниот капацитет подеднакво, никој да не биде заборавен или занемарен. Наша цел е да овозможиме постигнување родова еднаквост во нашата земја, сузбивање на родовите стереотипи и елиминирање на родово-базираното насилство, а родовата еднаквост да стане неизоставен принцип во креирањето на политиките во земјата.

Ова го нагласи претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во обраќањето на онлајн трибина „Молкот НЕ е решение“ вечерва на Форумот на жени на СДСМ во рамки на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата.






– Затоа жени и девојки ве охрабрувам немој да молчите – молкот не е решение. Јас, ние, државата, институциите сме тука за вас да ви помогнеме. Јас и вие сите заедно мораме да се избориме да го искорениме родово базираното насилство – рече Заев.

Тој додаде дека Владата преку законски решенија и меѓународни документи се залага да се гарантира заштитата на жените.

– Го донесовме Законот за заштита и спречување на дискриминација. Овој закон директно треба да придонесе преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ниту една жена врз било каква основа да не смее да трпи дискириминаторски однос, дали било на работното место, во науката, во спорот, во политката, во домот, во правосудството и во сите сфери на општественото живеење. Жената треба да биде рамноправна со мажот. Нашата цел е стапката на семејното насилство од година во година да биде се пониска, да бидеме горда земја која ќе покаже во Европа и светот дека имаме земја со ниска стапка на семејно насилство, а за тоа е потребна едукација и активизам- рече Заев.

Тој појасни дека веднаш по доаѓањето на власт е усвоена Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство или позната како Истанбулска конвенција, која претставува регионален правен инструмент што дава сеопфатна заштита на правата на жените.

 

Поврзани содржини