ЗАЕВ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈА Ковачевски ја презеде премиерската функција

Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата. Новата влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани.

578

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово ja презеде функцијата од досегашниот премиер Зоран Заев.

Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата. Новата влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани.






Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Тој посочи дека не се потребни нови избори, најавувајќи зголемување на пензиите и раст на минималната и просечната плата, како и реформи во образованието. Говорејќи за спорот со Бугарија, Ковачевски рече дека разговорите ќе продолжат и ќе бидат интензивирани без да биде загрозен идентитетот на народот.

Расправата за избор на новата влада во Собранието траеше два дена. Владата на Ковачевски брои 21 член – од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП.

Поврзани содржини