Заев за РСЕ: Со Мерко се изгоревме!
Може градоначалникот на Охрид да постапува, тоа не е така пријатна надлежност на општините, во Струга не се постапува. Јас сум пријател со градоначалниците, соработував како премиер, помогнавме со 50 милиони евра, со илјадници проекти насекаде, тоа е заедничка наша земја и така треба да се развиваат општините, вели Заев во интервју за Радио Слободна Европа.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека жали што на локалните избори поддржале некои кандидати на ДУИ. Тој го посочува градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко како личност за која се „изгореле“ со поддршката. Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа зборува и за можните коалиции по избори, за справувањето со корона-кризата, за начинот на кој ќе се одвива образовниот процес. Како најголемо разочарување од својата власт ги посочува дел од администрацијата за која вели дека е кочничар и правосудството.
– Политички ставови се градот логично на моментот на којшто настапувавте. Тогаш беа локални избори. Ние бираме кандидати зад кои застануваме. Имаше кандидати зад кои и не се појавивме или тие не се појавија зад наши кандидати. Но застанавме зад соодветни кандидати во кои верувавме, иако се изгоревме реално со некои кандидати. Бевме заедничка коалиција. Господинот Мерко. Жалам. Еве зошто жалам. Едноставно е. Може градоначалникот на Охрид да постапува, тоа не е така пријатна надлежност на општините, во Струга не се постапува. Јас сум пријател со градоначалниците, соработував како премиер, помогнавме со 50 милиони евра, со илјадници проекти насекаде, тоа е заедничка наша земја и така треба да се развиваат општините. Но заедно треба да ги преземаме и обврските. Успеавме со Беса да изградиме програма, заеднички концепт во кој веруваме. Концепт на реформи, на економијата, на кревање на стандардот, европеизацијата низ поглавјата и слично – вели Заев.
Целото интервју можете да го прочитате на Радио Слободна Европа.