Заев: За проектот Чебрен се пријавија десет џиновски компании

1,216

За проектот Чебрен вреден меѓу 600 и 800 милиони евра пријавени се десет џиновски компании, изјави премиерот Зоран Заев во Битола.

Тој потврди дека со завршувањето на рокот за пријавување, продолжува втората фаза за реализација на проектот Чебрен.






– Вчера во 16 часот заврши рокот за доставување понуди за огромниот проект Чебрен. После 11 години обиди на претходната власт, вчера регистриравме 10 џиновски понуди за Чебрен, а тоа се понуди од шпанското електростопанство, француското електростопанство, грчкото електростопанство, ЕВН заедно со австриска компанија, турска компанија, кинеска компанија…или 10 џиновски компании кои покажаа интерес и доставија документација за проектот Чебрен. Сега продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра, и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех на овој проект – изјави Заев.

 

Поврзани содржини