Заев за навредите од Каракачанов: Ќе реагираме, таквите зборови ги повредија нашите чувства!
Да се воздржуваме од навредите, бидејќи тоа не води никаде. Живееме во 21 век и навистина како европски политичари мораме да зборуваме со пријателски и европски зборови. Имаме желба целиот Балкан да биде во ЕУ - рече премиерот.
Ќе реагираме и секогаш ќе реагираме. Ова е навреда и ги повредува нашите чувства, рече премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги навредите што деновиве ги испрати бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов до членовите на македонската историска комисија.
– Да се воздржуваме од навредите, бидејќи тоа не води никаде. Живееме во 21 век и навистина како европски политичари мораме да зборуваме со пријателски и европски зборови. Имаме желба целиот Балкан да биде во ЕУ – рече премиерот.
Инаку, Каракачанов викендов изјави дека членовите на македонската историска комисија се однесувале како „магариња на мост“.