Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во среда ќе го достави составот на новата влада и предлог-програмата за работа во следните четири години, брифираат извори од СДСМ за МИА.
Заев претходно најави дека дека ќе го поднесе предлогот за влада откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Собранието.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за утре закажа седница на која треба да биде утврден бројот на потпретседатели, а се очекува и констатирање оставки на пратеници кои се на листата на Заев за составот на новата влада.
Оставка од пратеничката функција поднесе и Фљорин Бесими, брат на Фатмир Бесими, кој е предлог на ДУИ за министер за финансии.