Заев во разговор со Курти: До крајот на седмицава ќе се знае датумот на избори
Во однос политичките состојби и одржувањето избори, Заев истакнал дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во земјава, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.
Земјава и Косово доста добро се справија со кризата предизвикана од коронавирусот, заклучија во денешниот телефонски разговор претседателот на СДСМ Зоран Заев и Албин Курти, вршител на должност премиер на Косово и претседател на Движењето Самоопределување.
Во однос политичките состојби и одржувањето избори, Заев, како што соопштија од СДСМ, истакнал дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во земјава, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.
Тој нагласил дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани.
– Имам целосна почит кон граѓаните на Косово, можете да се потпрете на нас, нашата иднина е во ЕУ – посочил Заев.
Тој додал дека се надева на заемно прифатливо решение помеѓу Србија и Косово.