Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе добие пријави за предвремено започнатата кампања

Тој додаде дека поради овие активности опозициската партија ќе добие соодветни пријави преку институциите.

899

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев го обвини Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предвременото започнување на преизборната кампања, па поради тоа најави и соодветни пријави.

– Нивното анти-државно однесување беше забележано по периодот како опозиција, тоа се случи и за време на коронакризата, а таквото однесување кулминираше со наближување на изборниот процес. Последен доказ за тоа е предвременото започнување на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ чии носители на листи, кандидати за пратеници, активисти за време на викендот јавно делеа партиски пропаганден предизборен материјал што е спротивно на законите – рече претседателот на СДСМ.






Тој додаде дека поради овие активности опозициската партија ќе добие соодветни пријави преку институциите.

Заев рече дека од една страна е СДСМ посветена на промоција на почитување на мерките и законите, а од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ кои не почитуваат закони, а нивниот претседател Мицкоски не почитува мерки за заштита од коронавирусот.

– Додека сите капацитети на државата се ставени во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски застанаа во одбрана на партиското профитерство на штета на граѓаните и јавното здравје – рече Заев.

Поврзани содржини