Заев: Вакцините ќе си ги платиме, руската „Спутник“ може да пристигне пред „Модерна“ и „Фајзер“
Ние сме држава, луѓето плаќаат даноци и пари имаме обезбедено - рече Заев.
Понудата за донација на вакцини против ковид-19 од Бугарија е чин на пријателство, рече премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
– Вакцините коишто ќе ги добиеме, без разлика дали преку Ковакс системот, од Грција или од Бугарија, најверојатно ќе пристигнат во март следната година. За вакцините имаме издвоено пари и ќе си ги платиме. Само ако некој рече дека е донација, тогаш нема да ги платиме. Инаку, без разлика дали како чин на пријателство некој ќе ни достави од нивните вакцини, ние ќе си ги платиме. Ние сме држава, луѓето плаќаат даноци и пари имаме обезбедено – рече Заев.
Тој исто така најави дека руската вакцина „Спутник“ би можела да стигне во земјава пред „Модерна“ или „Фајзер“.