Заев си понудил оставка на самиот себеси, ама чека да заврши истрагата за да види дали ќе ја прифати!

Заев не е запознат со најновите актуелности. Чека институциите да го информираат. За некои работи прв пат слуша. Он није одавде! Што се случува со човекот?

7,210

Во последно време премиерот Зоран Заев дава многу чудни одговори на прашањата што му ги поставуваат новинарите. Еве неколку примери.

– Зошто се намалува работната недела за државната администрација од 40 на 36 часа неделно, а не и за другите?






Заев: Тоа е предлог на нашите коалициски партнери. Го знаете мојот став. Јас  мислам дека треба да работиме повеќе.

– Кој е виновен што на партиските митинзи не се почитуваат протоколите за ковид-19?

Заев: Прашајте ги надлежните институции. Проблемот е што самоиницијативно доаѓаат граѓани кои не држат соодветно дистанца.

– Зошто не е завршена истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница, во кој загинаа 14 лица?

Заев: И јас барам МВР да го соопшти тој извештај. Поминуваат неделите и навистина треба да се дадат соодветни одговори.

– До каде е истрагата за пукотниците на партиските митинзи?

Заев: Aпелирам до граѓаните кои што направиле снимка, го документирале тоа, да помогнат во истрагата, може и анонимно.

– Кој е виновен за скандалозните настани во извидничкиот камп кај скопско Грдовци?

Заев: Прв пат слушам за тоа. Ве молам поставете ми писмено прашање за подоцна да одговорам.

Aуууу! Па што е ова, бре?

Па ово нема ни у Горњем Милановцу!

Заев со спротивен став од коалициските партнери!

Заев во борба со институциите!

Заев апелира до граѓаните да помогнат! Може и анонимно!

Заев сака да ни каже дека веќе не е шеф на владата?

Да не се ова швалерски финти од типот – драга, па зарем повеќе им веруваш на своите очи одошто на мене?

Сепак не. Неофицијално дознавам дека Заев си понудил оставка на самиот себеси, ама чека да заврши истрагата за да види дали ќе ја прифати!

ПС. Овде фали руче на срценце…

Поврзани содржини