ЗАЕВ СЀ УШТЕ НЕ ЈА ДОСТАВИЛ ОСТАВКАТА На координативната средба кај Џафери воопшто не се разговарало за следните чекори

На денешната координатива средба кај собранискиот спикер Талат Џафери воопшто не станало збор за следните чекори што би следувале по синоќешната изјава на Заев дека поднесува оставка од премиерската функција.

1,228

Премиерот Зоран Заев сè уште не ја доставил оставката до законодавниот дом, информираат од Собранието.

На денешната координатива средба кај собранискиот спикер Талат Џафери воопшто не станало збор за следните чекори што би следувале по синоќешната изјава на Заев дека поднесува оставка од премиерската функција.






Според член 219 од Деловникот на Собранието, „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Поврзани содржини