Заев до банките: Рокот не смее да биде пречка за исплата на помошта на граѓаните

Премиерот побара од банките максимална флексибилност, напоменувајќи дека нема рокови.

259

Целта е финансиската поддршка од по 6.000 денари да стигне до секој граѓанин на кој по закон му следува, и не смее никаков административен рок, да биде проблем за тоа, изјави премиерот Зоран Заев, барајќи флексибилност од банките и најавувајќи дека доколку е неопходно ќе се донесе и законско решение.

– Одредени одлуки веќе дадовме, а и самиот закон дава флексибилност. Приговорите се одговараат промптно, и се доодговарат и овие денови завршуваме. Апелирам до банките на флексибилност, прво и заради ковид да не се проширува. Целта е сите овие 27,6 милиони евра да допрат до сите граѓани, затоа што признаваме имаме слабости во евиденција за самохрани родители. Ако не е приајвен во Центар за социјални работи, во Подарчната единица на Министерството за труд и социјална политика, во Аенцијата за вработување, државата не може да знае во кој момент е некој самохран или не е. Тука се најголем дел од жалбите, потоа во активни и пасивни баратели на работа и мал дел кај пензионерите. Позитивно одгваораме и преку тоа ги поправаме пропустите или на граѓаните или на институциите, но целта е парите да ги пуштиме, парите се за тоа во буџетот и овие пари ќе помогнат навистина на голем процент од најсиромашните граѓани во нашата земја – изјави Заев.






Побара од банките максимална флексибилност, напоменувајќи дека нема рокови.

– Иако по Закон е 25 декември, но сепак по право на жалба тој рок мора да биде продолжен. Законски се покриени. Пуштивме писмо од Владата и Генерален секретарија, но целта е навистина да не биде денот, рокот причина некој граѓанин да не ги добие парите што по закон му следуваат – рече Заев.

Тој додаде дека правните служби бараат решение и очекува да го најдат, но потенцира дека на крајот ако е неопходно законското решение ќе се донесе и во јануари.

– Сите треба да бидат еднакви. Не смее никаков административен или процедурален рок да ги доведе грѓќаните во неднаквост – рече Заев.

Поврзани содржини