Премиерот Зоран Заев ден пред Митровден, на својот профил на Фејсбук испрати апел до граѓаните да се не собираат дома за семејните слави за да го зачуваат своето и здравјето на другите.
„Со приближувањето на зимските празници, апелирам да нема собирања по домовите. Да останеме скромни, воздржани и одговорни за време на славите и имендените оваа година. Тие ќе бидат тука и идната година, и тогаш, здрави и живи, ќе си честитаме и ќе прославиме согласно традицијата“, порача Заев.